
Фудбалерите на Пари Сен Жермен повторно станаа шампиони на Франција.
ПСЖ ја одбрани шампионската титула и по 13. пат го освои пехарот наменет за најдобриот тим во земјата, со што стана најуспешен клуб во Франција.
„Светците“ вечерва со нетрпение го исчекуваа поразот на Монако на гостувањето кај Лион со 3-2, со што и математички ја обезбедија титулата.
„Кнезовите“ поведоа уште во првата минута со голот на капитенот Висам Бен Једер.
Следеше пресврт на Лион до крајот на првото полувреме. Најпрво напаѓачот Александре Лаказет погоди за израмнување во 22. минута на асистенција на Немања Матиќ, а потоа Саид Бенрама ги доведе домашните во водство четири минути подоцна.
Брилијантниот Бен Једер израмни за Монако, но решавачкиот момент се случи на шест минути пред крајот кога Лаказет маестрално му додаде на Малик Фофана, а неговиот колега во нападот постигна гол вреден триумф на Лион и титула за Пари Сен Жермен на три кола пред крајот на шампионатот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
