Connect with us

Монако му одговори на Реал: Чуамени вреди 80 милиони евра

Реал Мадрид може да дојде до потписот на Аурелиен Чуамени, но само доколку плати отштета од 80 милиони евра. Ова е одлуката на францускиот прволигаш Монако на најавите дека „кралевите“ се сериозно заинтересирани за играчот за врска.


Чуамени подолг период е желба на дел од најголемите европски клубови, вклучувајќи ги и Челси, Манчестер Јунајтед и ПСЖ. Сепак, францускиот клуб нема така лесно са се откаже од неговите услуги.


Бисерот на Монако, 22-годишниот играч од средниот ред, има договор до 2024 година и клубот не брза да го продаде, а доколку заинтересираните инсистираат да го купат, утврдената цена нема да биде помала од 80 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови