Connect with us

Монако го претстави Ансу Фати како ново засилување

Поранешниот суперталент на Барселона, Ансу Фати, и официјално е нов фудбалер на францускиот прволигаш Монако. Тој пристигнува во „Кнежеството“ како позајмен играч, со опција договорот да биде откупен на крајот од сезоната за сума од 11 милиони евра.

Фати своевремено се сметаше за еден од најголемите таленти на Барселона, влегувајќи во историјата како најмлад стрелец во Ла Лига и во Лигата на шампионите. Сепак, честите повреди и конкуренцијата од Ламин Јамал и Рафиња ја ограничуваа неговата улога минатата сезона.


Сега Ансу Фати, на 23-годишна возраст, ќе се обиде да ја рестартира својата кариера во Монако, каде што се надева на поголема минутажа и враќање на старата форма.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови