Connect with us

Молдавците ги тестираат можностите на Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (15.30 часот) во Анталија го игра првиот пријателски натпревар од овој мини-циклус, а ривал е селекцијата на Молдавија. Иако неколку фудбалери отпаднаа поради повреди, сепак, капитенот Енис Барди уверува дека националниот тим се наоѓа во добар натпреварувачки ритам и очекува добро издание и позитивен резултат од денешниот дуел со Молдавците.


„Мислам дека натпреварувачката форма е на наша страна. Само да сме сконцентрирани, да покажаме желба и да се подготвиме за тоа што нѐ чека од септември. Овие два натпревари ни се тест, да видиме до каде сме, за да ги поправиме грешките од некои претходни средби“, вели Барди.

Селекторот Благоја Милевски најави дека можеби дел од фудбалерите ќе добијат и поинакви улоги, да се испробаат други опции.

„Можам да кажам дека сме подготвени за секоја улога што ќе ни ја даде селекторот. Свесни сме дека по долго време се собравме пак, гледам дека соиграчите едвај чекаа да се сме заедно. На ниту еден натпревар не ни е потребна екстра мотивација. Со самиот повик за репрезентацијата мора да сме мотивирани, да бидеме подобри и да даваме што е можно подобри перформанси. Овој натпревар е со ривал кој за малку не се пласира на ЕП, може многу да ни помогне за Лигата на нациите. Анализиравме и се подготвивме за Молдавците. Повеќе нема „пријателски“ натпревари, даваме максимум на секој дуел што го играме за Македонија“, посочи капитенот на националниот тим.

Натпреварот меѓу Македонија и Молдавија се игра на стадионот „Мардан“ во Анталија, со почеток во 15.30 часот. Три дена подоцна нѐ очекува дуел против Црна Гора.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови