
Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, го предводеше својот тим до трофејот во Конференциската лига. Во финалето „чеканите“ ја победија Фиорентина со 2-1 со голот на Џерод Боувен постигнат во 90.минута од натпреварот. Така, тој стана првиот шкотски менаџер кој освоил голема европска титула по Сер Алекс Фергусон.
По натпреварот тој изјави дека овој момент ќе го памети долго, бидејќи нема многу такви успеси во својата кариера.
„Тоа е фантастично. Имав долга кариера во фудбалот и знам дека нема многу такви моменти. Затоа сум благодарен. Тоа беше одлична вечер. Мора да се работи напорно за тие моменти. Вест Хем е голем клуб од источен Лондон, кој прави прекрасни работи за локалната заедница, семеен клуб. Направивме уште еден чекор во нашиот континуиран напредок“, изјави Мојс.
„Играта можеби не се одвиваше како што очекувавме. Завршивме без пораз во Европа оваа година, што е неверојатно. Играњето во Лига Европа следната година повторно ќе биде одлично чувство“, додаде Шкотланѓанецот.
„Моментот кога славите во последната минута од натпреварот и можете да го направите тоа со вашето семејство не се случува често. Работите можеа да тргнат на друг начин, но имавме среќа ние да славиме и чувството е прекрасно“, истакна менаџерот на Вест Хем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости

Млади репрезентации
Македонија У19 убедливо ја победи Црна Гора на гости во вториот тест
