Египетскиот фудбалер Мохамед Салах навести дека ќе продолжи да го носи дресот на Ливерпул, чиј член е од 2017 година. Салах има валиден договор со Ливерпул до јуни следната година, а поради одредени понуди за кои се пишуваше, послабата форма во вториот дел од сезоната, како и заминувањето на Јирген Клоп, се зборуваше за потенцијално заминување на овој напаѓач од „Енфилд“.
„Знаеме дека во Ливерпул се бараат само трофеи и ќе направиме сѐ за да ги освоиме следната сезона. Нашите навивачи го заслужуваат тоа, а ние играчите ќе се бориме до крај да го оствариме тоа“, истакна Салах на социјалните мрежи навестувајќи дека има намера да остане во Ливерпул, каде дојде пред седум години од Рома.
Неодамна Салах имаше одредени конфликти со Клоп, но по повод неговото заминување Египќанецот остави емотивна порака на Инстаграм.
„Беше одлично да ги споделам сите моменти, успеси и трофеи со вас во последните седум години“, напиша тој покрај фотографијата со германскиот стратег.
Салах во Ливерпул одигра вкупно 250 првенствени натпревари и постигна 155 голови. Неговиот тим оваа сезона заврши на третото место во Премиер – лигата, а Салах беше поврзуван со евентуална преселба во Саудиска Арабија.
На местото на Клоп на клупата ќе дојде Холанѓанецот Арне Слот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













