Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, забележа уникатно достигнување на натпреварот против Кадиз, во победата од 0-3. Хрватот го одигра својот 161. натпревар за „кралскиот клуб“ откако наполни 35 години. На овој начин го подобри рекордот на легендата Франциско Бујо.
Поранешниот голман учествуваше во 160 натпревари за Реал Мадрид откако наполни 35 години.
Модриќ го престигна Бујо со уште еден показател – за најстариот играч кој одиграл меч за Реал Мадрид во Ла Лига. Хрватскиот интернационалец против Кадиз излезе на терен со 38 години и 78 дена. Клупскиот рекорд го држи Ференц Пушкаш, со 38 години и 233 дена.
Модриќ е на „Сантијаго Бернабеу“ од 2012 година. Хрватот има договор до крајот на актуелната сезона.
Пако Бујо беше дел од „кралскиот клуб“ меѓу 1986 и 1997 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













