
Реал Мадрид ја одзеде европската круна на Челси и се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. На драматичен начин, откако губеа и со 0-3, „кралевите“ се издигнаа и успеаја на крајот да стигнат до 2-3, што беше доволно за пласман меѓу четирите најдобри екипи во ЛШ. На првиот меч во Лондон, Реал славеше со 1-3.
Лука Модриќ, заедно со Карим Бензема, кој го постигна решавачкиот гол во продолженијата, беше херој на „кралевите“. Тој со нестварна асистенција во 80.минута, во моменти кога Реал беше речиси нокаутиран, го проигра Родриго, со надворешно ефе му ја сервираше топката на нога, а овој погоди го врати тимот во живот.
„Ова е Реал Мадрид…Ние никогаш не се предаваме“, порача еуфорично Лука Модриќ по пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal