Уште една „кралска“ ноќ е зад Реал Мадрид. Избраниците на Карло Анчелоти направија незаборавен пресврт против Манчестер Сити и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите.
Јунак на натпреварот беше младиот Бразилец Родриго, кој со два гола во финишот ги донесе мадриѓаните до продолженија, а Бензема со гол од пенал го трасираше патот кон финалето.
Хрватот Лука Модриќ испрати порака која можеби дава и најдобар одговор за тоа што се случи синоќа на „Сантијаго Бернабеу“.
„Ова е Реал Мадрид, не се обидувајте да разберете“, напиша Модриќ кој е блиску до петтата европска титула со „кралскиот“ клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













