
Реал Мадрид на четири кола пред крајот ја обезбеди титулата во Ла Лига откако о совлада Еспањол на „Бернабеу“ со 4-0. Фудбалерите ја прославија на плоштадот на римската божица на плодноста Цибелес, спроти градското собрание. Покрај фонтаната каде традиционално се слават трофеите, играчите врзаа клупско знаме околу вратот на споменикот на божицата Цибелес.
„Помина долго време откако не бевме во Цибелес од 2018 година. Имавме голема желба да одиме да славиме со нашите навивачи. Благодариме за атмосферата и за поддршката во текот на целата сезона. Одигравме спектакуларно првенство. Ќе уживаме и ќе славиме со нашите навивачи до крај“, изјави Лука Модриќ.
Реал Мадрид ја освои 35. титула шампион на Шпанија во 120-годишната историја на клубот.
„Ова е неверојатно. Освојувањето на шампионатот е секогаш посебно, а пред нашата публика на „Сантијаго Бернабеу“ е уште поубаво“, изјави 36-годишниот Лука Модриќ, кој стигна до 19. трофеј во дресот на „кралскиот клуб“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
