
По освоеното сребро во Лигата на нации, капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ, конечно ужива во заслужениот одмор.
Тој утрово во придружба на семејството и пријателите се качи на јахтата во пристаништето во Сребрено близу Дубровник, а пред да исплови љубезно се фотографираше со вработените во блискиот ресторан “Муо“.
Станува збор за јахта Ferretti Custom Line 120 Erolia, која може да прими до 10 луѓе во пет соби, а цената за изнајмување е 160.000 евра на ден.
Додека Модриќ ужива во одморот, фудбалскиот свет со нетрпение ги очекува вестите за неговата иднина. Иако шпанските медиуми шпекулираат дека Лука сигурно ќе остане во „кралскиот клуб“, без оглед на баснословните понуди од Саудијците, сѐ уште не е официјално објавено дека Модриќ го продолжил договорот со Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
