Лука Модриќ го пропушти мечот на Реал Мадрид во Сан Себастијан, каде Реал Сосиедад победи со 2-0 во натпреварот од 33. коло на шпанскиот шампионат. Хрватот не настапи поради повреда на тетивата, но би можел да настапи веќе на следниот меч.
Тоа го потврди тренерот Карло Анчелоти во пресрет на саботниот финален натпревар во Купот на Шпанија против Осасуна.
„Модриќ се чувствува добро и тренира. Ќе ја процениме неговата ситуација деновиве. Сигурно дека нема ништо да ризикуваме, но тој одлично закрепнува и постои можност да игра“, изјави Анчелоти.
Барселона на пет кола пред крајот на првенството во Ла Лига има огромни 14 бода предност во однос на најголемиот ривал и практично чека шампионска промоција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













