
Тибо Куртоа заработи тешка повреда на лигаментите на коленото, а сега сезоната може да заврши и за Едер Милитао. Бразилецот во солзи го напушти теренот во победата над Атлетик Билбао, а иако сѐ уште не е официјално потврдено, од Реал изјавија дека повредата е многу сериозна.
Милитао денеска ќе биде подложен на дополнителни тестови, по кои ќе се знае дали лигаментите пукнале.
Тренерот Карло Анчелоти не можеше да ја исклучи таа можност.
„Не можам да потврдам дека нема повреда на лигаментите на коленото. Лекарите рекоа дека е сериозно и дека треба да го почекаме скенерот“, изјави Анчелоти.
Со заминувањето на Карим Бензема во Ал-Итихад, повредите на Куртоа и Милитао би биле огромни удари за Карло Анчелоти.
Куртоа до крајот на сезоната ќе го замени Кепа Аризабалага, кој пристигнува на позајмица од Челси, додека останува да се види кој стопер ќе го купи Реал Мадрид.
Нема сомнеж дека Реал ќе тргне во потрага, тука се Антонио Рудигер и Давид Алаба, заедно со Начо, но тоа не е доволно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
