Младинците на ФК Победа претпладнево отпатуваа за Северна Ирска каде в среда на 28 септември од 19.30 часот по македонско време ќе го играат првиот историски меч во Младинската лига на шампиони против врсниците на домашниот Колерејн.
Како македонски шампион од претходната сезона Победа ќе го претставува македонскиот фудбал во ова најеминентно натпреварување меѓу 64 младински екипи од исто толку клубови од Европа.
Поради долгата и компликувана процедура првиот меч беше одложен во два наврати.
Но благодарение на залагањето на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски, со огромна помош и несебично залагање на службите на ФФМ, младите фудбалери отпатуваа за Северна Ирска. Со тоа се исполнува сонот на оваа генерација млади фудбалери на ФК Победа и нивното деби на меѓународна сцена ќе биде реалност.
Реваншот е закажан за 5 октомври од 14 часот на комплексот „Петар Милошески“, на Фудбалската федерација на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













