Астон Вила се појави со младински состав на дуелот против Ливерпул во ФА купот на Англија и можеше да одолее само едно полувреме. На крајот, загуби со 1-4. Сениорскиот тим на Астон Вила е во изолација поради пандемијата на коронавирусот во составот од Бирмингем.
Садио Мане во четвртата минута донесе предност за Ливерпул, но израмни Луи Бери во 41.минута. Сепак, во вториот доминираше тимот на Јирген Клоп.
За пет минути Ливерпул постигна три гола. Вајналдум во 60.минута го врати водството за Ливерпул, Садио Мане зголеми на 1-3 три минути подоцна, а Мохамед Салах во 65.минута го постави конечниот епилог.
Вулверхемптон исто така оди во следната рунда од ФА купот на Англија откако го совлада Кристал Палас со 1-0, со голот на Адама Траоре.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













