Лидерот Шкупи утре го очекува гостување во Струмица и дуел против Гостивар кој за домашен терен го пријави стадионот „Младост“. Дефанзивецот Марио Младеновски, кој беше стрелец на единствениот гол за Шкупи на последниот меч против Македонија ЃП, очекува нов триумф и против Гостивар.
„Поминавме низ тежок предизвик, како оној против Македонија ЃП, натпревар на кој постигнав гол и освоивме три многу важни бода. До крајот на сезоната нѐ очекуваат три многу важни натпревари. Првиот дуел е утре против Гостивар, кој го респектираме како противник, бидејќи има многу добри фудбалери, но одиме да освоиме три бода и да останеме на врвот на табелата“, изјави Младеновски.
Натпреварот меѓу Гостивар и Скопје ќе го суди Стојанче Трпчевски од Кавадарци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













