
Српскиот стратег Младен Крстајиќ е новиот селектор на фудбалската федерација на Бугарија. Тој на официјална прес-конференција беше промовиран на новата функција. Ова значи Крстајиќ ќе го предводи бугарскиот национален тим на мечот против Македонија во Скопје, во Лигата на нации.
Договорот на Крстајиќ е на две години, а во неговиот штаб се помошниците Стефан Јанковиќ, Немања Милинчиќ, Иван Иванов, како и тренерот на голманите Дарко Бојовиќ.
„Нашата работа е таква што понекогаш работиме во клуб или во репрезентација. Откако поминавме добро во Тел Авив, добивме многу понуди. По разговорите со Борислав Михаилов решивме да го прифатиме овој предлог. Бугарија е земја со многу спортски успеси. Има многу талентирани млади луѓе и тоа ја сврте вагата за да се согласиме да дојдеме овде. Уште кога ја прифативме понудата, почнавме да ги гледаме бугарски фудбалери. Сите знаеме во каква состојба е бугарската фудбалска репрезентација и какви се резултатите во последно време. Има многу млади талентирани фудбалери кои ја загубија самодовербата. Ќе се обидеме тоа да го исправиме“, изјави Младен Крстајиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
