
Вардар е на дното, а Шкендија на врвот на табелата. За некои други времиња, секако, чудна ситуација на поранешните ривали за титулата. Денеска ќе имаат меѓусебна пресметка на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, но со различни амбиции.
Вардар гледа да се спаси од најлошо, а Шкендија да го задржи врвот.
„Натпреварот меѓу Вардар и Шкендија да се играше во некои понормални времиња и понормални услови ќе беше меч кој ќе одлучуваше кој ќе биде есенски шампион. За жал, реалноста е друга, ние сме во зоната за испаѓање и се бориме да излеземе од неа. Противникот има свои математики, се бори за прво место, па мислам дека ќе биде еден интересен натпревар. Според мене, нема да победи поквалитетниот, туку тој што ќе има повеќе желба и што ќе покаже повеќе карактер на теренот“, изјави Дарко Мицевски, капитенот на Вардар.
Актуелниот шампион Струга ТЛ на домашен терен го пречекува Силекс во вториот дуел од денешната неделна програма.
ПРВА ЛИГА, 10.КОЛО
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (денеска, 14 часот)
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СИЛЕКС
БРЕРА – ГОСТИВАР 0-1
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 2-1
ТИКВЕШ – ШКУПИ 1-1
ВОСКА – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Моисе Кин

Евро-фудбал
Арсенал го купува капитенот на Брентфорд

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
