
Тиквеш загуби од Академија Пандев (1-2) во Кавадарци, а првиот човек на клубот, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, го искажа незадоволството од судењето на овој меч.
„Пораз на нашиот тим Тиквеш во дуелот со Академија Пандев. Затоа што од страна на судиите не беше признат очигледниот чист гол на нашите момци. Целиот натпревар беше лошо суден. Ги прашуваме од ФФМ дали нивните судии не знаат да судат или можеби „судат по нарачка” и истовремено ги повикуваме да им се извинат на фудбалерите и навивачите на Тиквеш. Ваквите судии треба да се изземат од македонскиот фудбал, за да не го уништуваат фудбалот“, изјави Митко Јанчев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski