
Претседателот Мирко Спасески и извршниот директор Самоил Симев, главните фигури кои водеа Вардар во ерата на Сергеј Самсоненко, поднесуваат оставки и ќе заминат од клубот. Ова значи дека во брзо време најтрофејниот македонски клуб треба да добие нова раководна структура.
Во меѓувреме, до 31 јануари, Сергеј Самнсоненко треба целосно да го подмири долгот кој, како што открива Самоил Симев за МАКФУДБАЛ, изнесува околу 2,4 милиони евра.
„Како и што најавивме во јуни, поднесуваме оставки на функциите. Но, ќе останеме во клубот за да може да функционира и во наредниот период, кога очекуваме разврска и примопредавање на клубот. Ние немаме финансиска моќ да останеме на чело на ФК Вардар, а од Сергеј Самсоненко имаме ветување дека до крајот на јануари ќе го покрие долгот. Во меѓувреме, треба да следат други чекори, се во насока ФК Вардар како најтрофеен македонски клуб да продолжи да егзистира“, вели Самоил Симев.
Сегашното раководство треба да го врати клубот на Град Скопје, кој ја има „златната акција“. Во наредните денови треба да биде остварена средба со градоначалникот Петре Шилегов, а потоа Град Скопје ќе може да го довери на друг заинтересиран спонзор, доколку се појави таков.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Стефан Ристовски во тимот на колото во Хрватска

Евро-фудбал
„Бомба“ од Минхен: Жоао Кансело доаѓа во Баерн

Евро-фудбал
„Ел Класико“ во полуфиналето на Купот на Кралот

Евро-фудбал
„Роналдо ќе се врати да игра во Европа“

Прва лига
Тиквеш минимално го победи Феризај

Евро-фудбал
Дебакл за Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Трајковски поразен во Суперкупот на Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Наполи ја тресна и Рома (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Монца го потопи Јувентус во Торино (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Дебакл за Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
