Connect with us

Миовски постигна првенец за Глазгов Ренџерс (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски го запиша првиот погодок во дресот на Глазгов Ренџерс. Штипјанецот се запиша во листата на стрелци во четвртфиналниот дуел од Лига Купот против Хибернијан, носејќи предност од 2-0 уште пред паузата.

Миовски беше на вистинското место во шеснаесетникот и ја искористи одбиената топка за да ја затресе мрежата.

Голот доаѓа како одлична потврда за неговото враќање во шкотскиот фудбал, по престојот во шпанска Џирона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови