Connect with us

Миовски ја надмина повредата и се врати во тимот на Абердин

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по два месеци пауза се врати во составот на Абердин. Тој одигра околу половина час на пријателскиот натпревар против Престон (0-2).

Миовски влезе во 66.минута и повторно го почувстува теренот откако се здоби со сериозна повреда пред крајот на минатиот шампионат.

Поради повредата Миовски ги пропушти и јунските натпревари за националниот тим против Украина и против Англија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови