
Ливерпул доби непристоен пречек синоќа на „Иланд Роуд“, противниците од Лидс Јунајтед им порачаа дека „Лигата на шампионите треба да се заслужи, а фудбалот е се игра за навивачите“. Капитенот на „црвените“, Џејмс Милнер, по натпреварот имаше искрен одговор.
„Како индивидуа не сакам да се случи Европска Суперлига, но ние како фудбалери и не се прашуваме премногу за тоа во клубовите каде настапуваме и заработуваме. Не треба сега да се удира само по грбот на фудбалерите. Ако гледаме од тој агол, непристојно бевме пречекани на „Иланд Роуд“. Исто така, потполно ги разбирам и навивачите. Природно е фудбалерите да бидат блиски со размислувањето на своите фанови“, изјави Џејмс Милнер.
Шест клуба од Премиер – лигата, меѓу кои и Ливерпул, одлучија да бидат дел од идната Суперлига, заедно со три клуба од Ла Лига и три клуба од Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Мевљан Мурати
