Реал Мадрид реши да го „блиндира“ бразилското трио од кое очекува многу во иднина. Винисиус го продолжи договорот до 2027 година, Родриго до 2028 година, а Едер Милитао (24) наскоро ќе потпише нов шестгодишен договор.
Дефанзивецот се наметна во стартните 11 на „кралскиот клуб“, особено по заминувањето на Рафаел Варан и на Серхио Рамос и со тоа стана еден од клучните фактори за освојување на трофеите во Ла Лига и во Лигата на шампионите минатата сезона.
Реал Мадрид верува во него, тој ќе биде решение за иднината на клубот, а ќе заработува 7 милиони евра по сезона со одредени бонуси, двојно повеќе од досега. Откупната клаузула ќе изнесува 500 милиони евра.
Милитао пристигна во Мадрид во летото 2019 година од Порто и за него беа платени 50 милиони евра отштета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













