Борусија Дортмунд го грабна последното место во четвртфиналето на Светското клупско првенство, совладувајќи го тимот на Монтереј со 2-1. Херој на натпреварот беше Серху Гираси, кој уште во првото полувреме постигна два гола и ѝ донесе значајна предност на германската екипа.
Со оваа победа, Борусија си закажа нов дуел со Реал Мадрид, во своевидно повторување на финалето од Лигата на шампионите во сезоната 2023/24.
Натпреварот одигран на „Мерцедес-Бенц Стејдиум“ во Атланта, беше крајно возбудлив и неизвесен. Иако Борусија имаше контрола, мексиканскиот состав се врати во игра преку Херман Бертераме, кој намали на 2-1 на почетокот од второто полувреме. Серхио Рамос беше меѓу најактивните кај Монтереј, а токму тој имаше шанса за израмнување во финишот, но неговиот удар заврши крај голот.
Во групната фаза, Борусија имаше солиден настап – започна со реми без голови против Флуминенсе, а потоа оствари победи против Мамелоди Сандаунс (4-3) и Улсан Хјундаи (1-0), што ѝ обезбеди прво место во групата Ф.
Од друга страна, Монтереј беше дел од групата Е, каде се соочи со силни ривали како Интер и Ривер Плата. Двата меча завршија нерешено, но Мексиканците се изборија за осминафинале благодарение на убедливата победа од 4-0 против Урава ред дајмондс, што им ја донесе втората позиција во групата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













