Борусија Дортмунд доживеа пораз на првото гостување во Бундес – лигата оваа сезона. „Милионерите“ загубија од Фрајбург со 2-1. Винченцо Грифо во шестата минута го најави изненадувањето со гол од слободен удар, а Роланд Салаи во 52.минута зголеми на 2-0. Јаник Кеител во 69.минута постигна автогол, но напаѓачите на Борусија Дортмунд денеска не беа расположени.
Волфсбург славеше со 1-2 на гости во Берлин против Херта. Лукебакио во 60.минута донесе предност за домаќинот, но Ридле Баку и Лукас Нмеча до крајот направија целосен пресврт.
Бохум со 2-0 го совлада Мајнц, додека Гројтер Фурт и Арминија Билефелд ремизираа (1-1). На дуелот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Аугсбург немаше голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













