Connect with us

„Милионерите“ останаа без првиот голман

Голманот на Борусија Дортмунд, Грегор Кобел, ќе паузира неколку недели, објавија германските медиуми.


Кобел сигурно ќе биде недостапен за домашниот натпревар на вицешампионот во Бундес-лигата против Хофенхајм во недела поради проблем со адукторот што го повреди пред првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против ПСВ Ајндховен.

Во таборот на Борусија се надеваат дека отсуството на швајцарскиот голман ќе биде ограничено на само околу две недели.

Тимот од Дортмунд се наоѓа на четвртото место на табелата во германскиот шампион со 41 бод, еден пред петтопласираниот Лајпциг и пет помалку од третопласираниот Штутгарт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови