Макфудбал во Гибралтар,
Фудбалската репрезентација на Македонија по ремито против Бугарија во Разград, втор ден е на Гибралтар и се подготвува за мечот против домашната селекција. Јасно е кој е фаворит, а селекторот Благоја Милевски не дозволува никакво потценување на ривалот.
„Во никој случај не смее никого да потцениме и никогаш не сме го направиле тоа. Се подготвуваме максимално сериозно, ќе влеземе во натпреварот со мисла да победиме и момците кои ќе истрчаат ќе ја имаат таа мисија во текот на сите 90 минути. Апсолутно нема да дозволам ниту најмало опуштање. Посакуваме триумф и ќе треба да го оствариме“, изјави селекторот Милевски.
Натпреварот меѓу Гибралтар и Македонија почнува утре од 18 часот на стадионот „Викторија“ со капацитет од 2.500 гледачи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













