Connect with us

Милевски: Мора да бидеме поконкретни во завршницата

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (18 часот) го пречекува Гибралтар во четвртиот меч од Лигата на нации. Но, сепак, тоа што е поважно е анализата каде погрешивме во претходниот пораз со Грузија.

“Фудбалот е таква игра, можеш да доминираш, но на крајот резултатот кажува се. Доминиравме 60 минути, но потоа имавме голем пад на физички план и Грузија тоа го искористи. Мислам дека можеме и треба да бидеме уште поконкретни во третата зона, пред противничкиот гол, тоа последно додавање и пред се ударите на гол”, изјави селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови