МАКФУДБАЛ во Порто,
Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа само на еден чекор до пласман на Светското првенство. Но, пред Благоја Милевски и фудбалерите стои исправена селекцијата на Португалија, на „Драгао“, пред 50.000 Португалци.
„Португалија има врвни играчи во своите редови, но не би издвоил никого. Ако почнеме да ги набројуваме, сигурно ќе има многу фудбалери. Но, ние сме дојдени овде во Порто како туристи, ќе се бориме до последен атом за да одиме на Светско првенство. Мислам дека веројатно никој не не очекуваше тука, но мојата порака до фудбалерите е да уживаат во дуелите со најдобрите во Европа. Не очекува сосема различен меч во однос на тој против Италија. Португалија не е само Кристијано Роналдо, тоа е одличен тим, а фудбалот е сепак тимска игра. Ако ме прашувате како ќе играме против него, тогаш тоа ќе го задржам за фудбалерите. Фаворит е Португалија, и според рејтинг, и според традиција, и според тоа што досега го има направено, но повторно ќе напоменам дека Македонија не е случајно тука“, изјави македонскиот селектор Благоја Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













