Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра против Италија, Англија, Украина и Малта во групата Ц од квалификациите за Европското првенство во Германија. Селекторот Благоја Милевски вели дека реално е тоа најтешката група според квалитетот на противниците.
„Фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе”, изјави Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













