МАКФУДБАЛ во Рим,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) ќе има нов предизвик, дуел против европскиот првак Италија. На “Олимпико” во Рим, македонските репрезентативци ќе се обидат повторно да ги изненадат “аѕурите”.
Селекторот Благоја Милевски очекува Македонија да одигра квалитетно и на утрешниот меч.
“Италија е голема репрезентација, европски првак, максимален респект за противникот. Секој натпревар е различен, така ќе биде и утре. Дојдовме тука да го дадеме најдоброто од себе и веруваме во нашите квалитети. Имаме своја цел, секогаш кога играте за својата држава сакате да го дадете максимумот. Сакаме да видиме до каде е нашиот лимит, а Италија е сигурно во Топ 3 селекции во светот, според квалитетот”, изјави селекторот Благоја Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













