
Фудбалската репрезентација на Македонија е пред нов голем предизвик. По убедливиот триумф над Лихтенштајн, на арената „Тодор Проески“ утревечер гостува големиот фаворит Германија.
„Германија е светска велесила, за тоа не треба ниту да говориме. Подготвени сме да одговориме на предизвикот, и тактички и физички, останува да видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат. Го респектираме противникот, но за многу нешта ќе се прашува Македонија. Младите фудбалери добро се вклопија, поискусните секогаш диктираат ритам. Ние имаме јасна цел и визија, создаваме нов лик и нова селекција која ќе биде конкурентна за пласман на ЕП 2024. Сето она дотогаш ќе го искористиме за да ги реализираме сите наши идеи. Поддршката од фановите секогаш ни е потребна, верувам дека “, вели селекторот Благоја Милевски.
Капитенот Стефан Ристовски вели дека Германија е една од најсилните светски селекции, но утревечер Македонија.
„Наше е да одговориме на терен. Треба да одиграме на врвно ниво, пред се тактички да одговориме на предизвикот, за да можеме да оствариме позитивен резултат против Германија. Фудбалот е затоа интересен, носи големи изненадувања. Гигантите не даваат да имаш право на грешка. Тоа не чека и утре. За мене тие се една од најголемите репрезентации на светот. Утре е нов ден, не треба многу да се залажуваме со триумфот во Дуисбург, сега е сосема нов меч и повторно треб да бидеме идеални. Што се однесува до дуелот со Лихтенштајн, драго ни е што успеавме да оствариме убедлива победа, секогаш е убаво кога ќе освоиш три бода во квалификациите“, изјави капитенот Стефан Ристовски.
Натпреварот меѓу Македонија и Германија се игра утревечер (20.45 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
