
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на домашен терен од Бугарија со 0-1 во последниот натпревар од ова издание во Лигата на нации.
Селекторот Благоја Милевски вели дека и покрај поразите, Македонија е на вистинскиот пат.
„Момците покажаа голема желба за победа и немам ништо да им замерам од таа страна. Во овие момци има потенцијал. Се наоѓаме во период на транзиција каде овие млади играчи што доаѓаат мора да добијат минутажа за да бидат конкуренти во квалификациите за ЕВРО 2024. Мислам дека сме на вистинскиот пат без разлика на сите проблеми што ги имаме, многуте откажувања и натпреварувачката форма. Дали двајца или тројца фудбалери имаат фул минутажа во своите клубови. Повторно од наш корнер примаме гол. Тоа се моменти на деконцентрација и мислам дека се тоа доаѓа од физичката неподготвеност. Но, имаме време до март и мислам дека фудбалерите многу повеќе ќе играат и во клубовите“, изјави Боби Милевски.
Селекторот на Бугарија, Младен Крстајиќ, беше многу порасположен по триумфот.
„Бугарија по четири години победи на гости. Одигравме добар натпревар. Не треба да се измислува топла вода во фудбалот. Без атмосфера и желба не може да се направи ништо во репрезентација. Никој не веруваше во нас пред овие два меча. Едноставно моравме да направиме рез. Јас бев победник како играч, тоа сакам да бидам и како селектор. Не е лесно да се игра пред овие прекрасни навивач, околу 20 илјади луѓе, овие млади играчи требаше да го издржат притисокот и да стигнат до победа“, изјави Младен Крстајиќ, селекторот на Бугарија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски и Клуж поразени во Суперкупот на Романија

Евро-фудбал
Дембеле прослави гол во стилот на Жота (Фото)

Евро-фудбал
Нони Мадуеке пред трансфер во Арсенал

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
