Connect with us

Милевски: Ако Македонија изгледа вака во иднина, освен резултатот, јас ќе бидам многу среќен!

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Црна Гора со 0-1 на пријателскиот натпревар во Анталија. По ремито со Молдавците, дојде пораз од Црногорците, но селекторот Благоја Милевски вели дека е задоволен од сѐ, освен од резултатот.

„Ако Македонија изгледа вака во иднина, зборувам за играта, за тоа што го исполнија фудбалерите на тактички план, јас ќе бидам многу среќен. Се разбира, не можеме да бидеме задоволни од резултатот, кој е најважен, но не и на вакви контролни натпревари. Црна Гора, освен шутот од кој го постигна голот, не упати ниеден удар кон нашиот гол. Ние доминиравме, посебно во првото полувреме кога имавме и неколку шанси. Сѐ останато што побарав од фудбалерите беше комплетно исполнето. Да, имаме проблеми при бранење на прекините, при корнерите, и тоа денеска се обидовме да го промениме, игравме еден вид на зона. Секако, се случуваат грешки и ќе мора да работиме и понатаму. Мора да кажам дека ова беа одлични проверки, од кои ќе имаме многу полза во иднина и мислам дека сме на добар пат“, изјави Благоја Милевски по поразот од Црна Гора.

Следниот собир на националниот тим е планиран за јуни, кога следат пријателски дуели со Хрватска и со Чешка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови