Европскиот првак Баерн Минхен загуби (2-3) од ПСЖ на „Алијанц арена“ и сериозно ги намали шансите за одбрана на титулата во Лигата на шампионите. Без Роберт Левандовски, ефикасноста на тимот на Ханси Флик беше најголемата маана.
Искусниот Томас Милер вели дека според шансите, Баерн Минхен требало да слави со 6-3. Но, најтешка работа во фудбалот е да се постигне гол.
„Моравме да постигнеме повеќе голови. Создадовме многу шансите, на крајот реалниот резултат требаше да биде 5-3 или 6-3. И сега никој немаше да зборува дека Баерн одиграл слабо. Ни недостигаше оној познат убиствен инстинкт со кој ги поразуваме противниците. Но, таков е фудбалот, сега мора да бркаме негатива во Париз“, изјави Томас Милер.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski