
Италијанскиот калчолигаш Милан тргнува во завршна акција за селектирање на тимот за претстојната сезона. Норвежанецот Јенс Петер Хауге ќе биде продаден на Ајнтрахт Франкфурт, а Паоло Малдини размислува како да одигра најдобро и да доведе уште три засилувања. Едно од нив би можел да биде Арон Рамзи, да дојде како позајмен играч од Јувентус, со оглед дека фудбалерот и не е најрасположен да се врати во Премиер – лигата каде за него се интересираат Вулверхемптон и Њукасл.
Милан го посакува и Хаким Зијеч, офанзивниот играч за врска на Челси, но и Хамес Родригез, кој до крајот на летниот преоден рок ќе мора да си замине од Евертон. Проблемот на Малдини е како да ги изменаџира платите на овие тројца фудбалери кои дефинитивно многу би го оптовариле буџетот на тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
