Connect with us

Милан со триумф се врати по паузата во Серија А (ВИДЕО)

Италијанскиот првак Милан оствари триумф (1-2) на гости против Салернитана во првиот меч по паузата поради Светското првенство и божиќните празници во Серија А. „Росонерите“ сега имаат 36 бода, пет помалку од лидерот Наполи кој вечерва го игра дербито против Интер.

Рафаел Леао во десеттата минута донесе водство, а пет минути подоцна Сандро Тонали зголеми на 0-2.

Салрнитана во финишот намали преку Федерико Бонацоли, но бодовите сепак заминаа за Милано.

Сампдорија го победи Сасуоло на гости со 1-2. Габијадини и Агуело беа стрелци за гостите на овој меч.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови