Connect with us

Милан се засили со српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ

Српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ и официјално е нов стопер на Милан. По подолг период на преговори, tој потпиша договор до 2028 година со можност за продолжување на уште една сезона.


Трансферот од Салцбург е вреден 18.000.000 евра, плус уште 2.000.000 евра како бонус што ќе ги добие австрискиот клуб.

Павловиќ за време на кариерата играше за Партизан, Монако, од каде што беше позајмен во Серкл Бриж и Базел, пред да се пресели во Салцбург каде што настапи на 71 натпревар и постигна шест гола.

Во Милан ќе го носи дресот со број „31“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови