Милан е во напредни преговори со Феенорд за трансферот на напаѓачот Сантијаго Хименез. „Росонерите“ се решени да го обезбедат потписот на 23-годишниот Мексиканец пред крајот на зимскиот трансферен прозорец.
Самиот играч покажал интерес за преселба на „Сан Сиро“, но сè уште нема директни разговори со италијанскиот клуб и е целосно фокусиран на обврските во Феенорд.
Се смета дека Феенорд бара најмалку 40 милиони евра за својот напаѓач.
Сантијаго Хименез е дел од холандскиот клуб од летото 2022 година, кога пристигна од мексиканскиот Круз Азул. Во 104 натпревари за Феенорд, постигна 64 гола и оствари 14 асистенции. Неговиот договор со клубот истекува за две и пол години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













