Италијанскиот гигант Милан покажува интерес за македонскиот репрезентативец Енис Барди. Преговорите се започнати и одличниот играч за врска би можел да биде првиот македонски фудбалер кој ќе заигра на “Сан Сиро”.
Леванте има проблеми со финансискиот фер-плеј и мора да продава, а Енис Барди е еден од фудбалерите со најголема вредност во клубот. Шпанскиот клуб се надева дека би можел да добие 20 милиони евра за продажбата на Барди, но Милан ќе се обиде малку да намали и да го доведе Барди.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, се уште го бара наследникот на Хакан Чалханоглу кој се пресели во Интер, а Барди би бил значајно засилување во средниот ред.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













