Милан по седум одиграни кола се наоѓа на второто место во Серија А со 19 бода, два помалку од лидерот Наполи, кој ја отвори сезоната со максимален ефект. Ова е најдобар старт за „росонерите“ од освојувањето на шампионската титула во сезоната 2003/04.
Раководството клубот е задоволно од резултатите на тимот и веќе се подготвува нов договор за тренерот Стефано Пиоли. Неговиот актуелен договор има важност до крајот на оваа сезона.
Пиоли го презеде Милан во октомври 2019 година, но веќе во април минатата година, се шпекулираше дека е на работ на отказ. Раководството на клубот ги смени плановите и Пиоли остана на клупата, водејќи го Милан до второто место во Серија А и по седум години се врати во Лигата на шампионите.
Пиоли забележа 54 победи, 25 нерешени и 18 порази на 97 натпревари на клупата на Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













