Италијанскиот калчолигаш Милан е подготвен да го врати Мауро Икарди во Серија А и да оформи супер-тандем со Златан Ибрахимовиќ кој би ги водел „росонерите“ кон скудетото. Икарди немаше голема минутажа кај Томас Тухел во дресот на ПСЖ, а најавите се дека ниту Маурисо Покетино нема да смета премногу на Аргентинецот.
Ова го насетува потпретседателот на Милан, Паоло Малдини, кој стапил во контакт со спортскиот директор Леонардо, кој е негов голем пријател од периодот додека двајцата беа на „Сан Сиро“ и побарал да го добие Икарди на позајмица.
Зделката би значела дека Мауро Икарди ќе пристигне на позајмица во Милан до крајот на сезоната за 10 милиони евра, а италијанскиот клуб ќе добие и клаузула комплетно да го откупи договорот за дополнителни 40 милиони евра по завршувањето од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













