
Италијанскиот калчолигаш Милан е последниот клуб кој се заинтересира за можноста да го доведе дефанзивецот од Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да се разделат од овој играч, а „росонерите” се обидуваат да ја искористат ситуацијата и да го доведат во своите редови. Веќе испратиле прво барање за реализација на овој трансфер, објави “Газета дело Спорт”.
Ван-Бисака има договор со Јунајтед до летото на 2025 година и засега нема индикации дека клубот има намера да го продолжи. Се предвидува дека сума од околу 25 милиони евра че задоволи Англичаните, иако во 2019 година платија значително повеќе на Кристал Палас за неговото доведување.
Сепак, Милан, не е единствениот кандидат за потписот на дефанзивецот на Манчестер јунајтед. Тој е следен и од други тимови, вклучувајќи го и локалниот ривал на “росонерите” – Интер.
Ван-Бисака во Манчестер јунајтед има одиграно 190 натпревари, со два постигнати гола и 13 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
