Италијанскиот калчолигаш Милан сака да го засили офанзивниот дел од тимот за да може да издржи во трката за шампионската титула во Серија А. Раководството на „росонерите“ ја разгледува секоја можност за ново засилување, а во сериозна комбинација влегува ангажманот на Фелипе Андерсон.
Бразилскиот интернационалец кој играше одлично во дресот на Лацио, направи трансфер во Вест Хем, а оттаму потоа беше позајмен во Порто. Но, и во Португалија не се наигра, досега има само четири настапи, па Паоло Малдини смета дека би можел да биде значајно засилување за Милан доколку дојде на шестмесечна позајмица за вториот дел од сезоната.
Милан во моментот има три бода предност пред Интер во трката за „скудетото“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













