Connect with us

Милан го купува Србинот Страхиња Павловиќ

Српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ е многу блиску до трансфер во Милан.

Поранешниот фудбалер на Партизан веќе ги договори личните услови со европскиот великан, а сега клубовите треба да ги договорат деталите за трансферот.

Како што пренесе „Газета дело Спорт“, Милан му понудил на Павловиќ договор од 1,5 милиони евра годишно. Тоа е двојно повеќе од она што Србинот го заработува во Австрија.

Според истиот извор, вредноста на трансферот би требало да биде околу 20 милиони евра. Павловиќ има уште три години од договорот со Салцбург.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови