Милан ќе остане без дефанзивецот Фикајо Томори најмалку два месеци. Ова стана јасно по деталните лекарски прегледи направени викендот.
Дефанзивецот ја повреден десната натколеница на мечот против Салернитана одигран во петокот кој заврши 2-2. Томори го отвори резултатот на натпреварот, но во вториот дел беше принудно заменет поради повредата.
Овој тип на повреда обично бара најмалку два месеци пауза надвор од терените, но засега најверојатно нема да биде третирана со операција.
Томори им се придружува на Томазо Побега, Пјер Калулу, Малик Тијао, Марко Пелегрино, Јунус Муса и Ноа Окафор во амбулантата на Милан. Симон Кјаер останува единствениот здрав централен дефанзивец во тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













