Во последните часови од преодниот рок во Италија, Милан ги обезбеди услугите на уште еден напаѓач. „Росонерите“ потпишаа договор со Лука Јовиќ.
Српскиот интернационалец доаѓа на „Џузепе Меаца“ како позајмен од Фиорентина, а Милан нема ништо да плати за него.
Агентот на Јовиќ пред неколку месеци го понуди на миланскиот гигант, но клубот не покажа интерес. Ситуацијата вечерва се промени откако „црвено-црните“ не успеаја во обидите да привлечат еден од Мехди Тареми, Патсон Дака и Рафа Мир.
Секој од нив би ги чинел минимум 15 милиони евра, па газдите на Милан посегнаа по најприфатливата опција.
Јовиќ нe еиграше оваа сезона за Фиорентина бидејќи не се вклопуваше во плановите на тренерот Винченцо Италијано. Минатата сезона Србинот, кој е поранешен играч на Црвена Звезда, Бенфика, Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт, постигна 13 гола на вкупно 50 натпревари со тимот на „виолетовите“.
Во Милан, Лука Јовиќ ќе игра во дресот со број „15“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













