
Тимот на Болоња, кој од клупата го предводи Синиша Михајловиќ, во последно време е во резултатска криза. Сепак, српскиот стратег ја доби довербата од клубот, па ќе продолжи да ја води Болоња, а првиот нареден тест ќе го има денеска на домашен терен против Лацио.
Пред натпреварот, Михајловиќ истакна дека тој е единствениот одговорен за лошите резултати и побара од публиката да не ги исвиркува играчите.
„Кога еден тим губи, секогаш сум јас виновен. Истото важи и за денешниот меч. Ја замолувам публиката да не им свирка на играчите, да ги пушти да играат. Мораме да ја вратиме концентрацијата што ни недостасуваше во поголемиот дел од натпреварот против Емполи. Зборував за ставот, интензитетот и концентрацијата цела недела, тоа ни е потребно“, изјави Михајловиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
