
Најдобриот ерменски фудбалер Хенрик Мхитаријан само ден откако стигна до вториот европски трофеј со Жозе Мурињо, по истекот на договорот ќе ја напушти Рома и ќе се пресели во редовите на голем италијански ривал Интер, дознава „Газета дело Спорт“.
Договорот на Рома со Ерменецот, кој синоќа во Тирана го напушти теренот во 15. минута поради повреда против Феенород, истекува на 30 јуни, а бидејќи нема да биде продолжен, тој ќе замине во Милано, исто како и Един Џеко.
Мхитарјан ќе потпише договор со Интер на две години, а ќе го напушти „Олимпико“ по 43 одиграни натпревари и пет постигнати гола за „џалоросите“.
Пред Рома, Мхитарјан играше за Арсенал и за Манчестер Јунајтед, во Германијабеше дел од Борусија Дортмунд, а со афирмација во европскиот фудбал се здоби во Шахтјор во Украина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
